ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставуваат врвен приоритет во функционирањето на Друга Страна Дооел Скопје.

Од тие причини Друга Страна посветува особено внимание со цел заштита на личните податоци на клиентите и корисниците на нашите услуги преку имплементирање на важечките стандарди и прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Оваа Политика на приватност е изработена со цел да се објаснат модусите на кои се врши обработката, од наша страна, на личните податоци на клиентите и корисниците на нашите услуги при посетата на нашата веб страна drugastrana.mk, при достава на електронските апликации за барања за понуди на нашите услуги или доставени прашања, рекламации и дополнителни барања, при пополнување на апликацијата за вработување како и за on-line плаќање на сметките од страна на корисниците на нашите услуги и истата се однесува единствено за заштита на приватноста на личните податоци во горенаведените случаи и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на посети на други интернет страни и платформи до кои се пристапува преку нашата страна.

Собирање, обработка и употреба на податоци

„Друга Страна“ може да ги собира податоците единствено доколку тие се наведени од корисникот/барателот на одредена услуга доставени на погоренаведените начини а со цел навремено одговорање, ефикасна и навремена реализација на услугите и информирање за поволности и новитети. Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од страна корисникот/барателот на услугата. Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страната на Друга Страна и на сите поддомени. Доколку преку веб-страната на Друга Страна е обезбеден линк до други веб-страни или платформи Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие вебстраници или платформи. Како компанија, ние ги користиме лични податоци од барателите или корисниците на услуги исклучиво за дејноста на нашето работење, услугите кои ние ги пружаме на нашите корисници како и поволности и новитети поврзани со нив.

Корисник на нашите услуги или заинтересиран клиент за истите при посета на нашата вебстрана и пополнување на барање за услуги, апликација за вработување или апликацијата закоментар, барање, рекламација, поплака и сл, ги наведува следните следните податоци: име и презиме, адресата на локацијата за каде се однесува реализацијата на услугата, називот на компанијата доколку станува збор за правно лице, контакт телефон и е-пошта и тие податоци се собираат и обработуваат со цел соодветно да се одговори на доставеното барања, да се извршат дополнителни консултации по однос на барањето на барателот/клиентот и да се обезбеди ефективна и навремена услуга и поддршка како и корисникот да биде информиран за поволностите и новитетите поврзани со нашите услуги.

Дополнително, покрај податоците наведени од имателот на податоците, при посетата на веб страната од корисниците, може да се евидентираат информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

На сите пораки или прашања пристигнати по е-пошта Друга Страна одговара на истата електронска адреса која нема да се користи за ниту една друга цел освен за целите поврзани со комуникацијата со корисникот на услугите и дејностите на работа на компанијата и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на барањето и комуникација поврзана со услугите што како компанија ги нудиме на нашите корисници и поволности и новитети поврзани со нив.

„Друга Страна“ не собира и не врши било каква обработка на никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка од причина што при електронска наплата на сметки, нема пристап до податоците поврзани со платежната картичка или сметката во банка на корисникот, бидејќи истите се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

Откривање на податоците

„Друга Страна“ го задржува правото на откривање на личните податоци во случаи кога тоа е потребно согласно позитивните законски прописи, или е потребно во водењето на некоја судска постапка или е потребно за заштита на нашите бизнис интереси. Пристапот до личните податоци во нашата компанија е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, а со цел да овозможат на клиентите и корисниците точна и навремена информација или реализација на бараните услуги.Вработените во Друга Страна се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи и истите не смеат да ги споделуваат со трети лица.

„Друга Страна“ ги презема потребните мерки за обезбедување на сигурност и тајност на личните податоци, а со цел заштита од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба при што податоците ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашата база. Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании со исклучок на нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страната и електронската наплата на фактурите. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Прифаќање на условите

Секој корисник со продолжување на пристапот и користењето на веб страна drugastrana.mk, ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. Секој корисник кој не се согласувате со оваа Политика за приватност, во секое време може да го прекине пристапот до веб страната и користењето на апликациите од истата.

Промени во Политиката за приватност

„Друга Страна“ го задржува правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб страница.