
Ова е новата официјална веб страна на Druga Strana.
За увид во претходните проекти и архивата на настани, посетете ја нашата претходна веб страна
old.drugastrana.mk
Druga Strana постои за да донесе нешто повеќе од настан.
Да донесе момент.
Од самиот почеток сме водени од идејата дека сцената заслужува храброст во изборот и прецизност во изведбата. Не работиме квантитет — работиме значење.
Денес, фокусот е јасен:
премиум и уникатни настани кои оставаат трага.
Од една страна, внимателно селектираме имиња и концепти што имаат вистинска вредност за публиката.
Од друга страна, поставуваме стандарди на висока продукција како основа, не како додаток. Затоа што искуството не почнува со аплаузот и не завршува со последниот бис.
Нашиот тим стои зад години искуство во организација, маркетинг и развој на сцена. Работиме посветено, детално и со јасна амбиција: секој следен настан да биде чекор погоре.
Од 2026 година, погледот се шири.
Druga Strana започнува активно да промовира и организира настани и надвор од Македонија, носејќи го истиот пристап — силен избор, висока продукција и регионална перспектива.
Не брзаме.
Градиме.
И секој настан е нова страна од приказната.