„Рибарот и златната рипка” по истоимената сказна на А. Пушкин преточена во прекрасно, незаборавно, театарско доживување.
Приказната зборува за вредниот и скромен рибар што фаќа златна волшебна рипка која му ветува дека ќе му ја исполни секоја негова желба ако ја ослободи.
Тој со неговата скромност и емпатичност ја пушта и не бара ништо за возврат. Кога се враќа дома и раскажува
на својата ненаситна и алчна жена што се случило, а таа иако најпрвин не му верува, го враќа кај златната рипка да им даде откуп за неговата добрина.
Останува да видиме до каде алчноста може да го доведе човека.
Рибарот – Владо Дојчиновски
патувачки „Театар Колозов”
Златната рипка – Пируника Киселички
Бабата – Дубравка Киселички
Раскажувачот/ Слугата – Давид Илиќ