ТАЈНАТА НА ДОБРАТА КОМУНИКАЦИЈА: КАКО ДА ВЛАДЕЕТЕ СО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА

Станислав Петковски-Сашо е еден од најпознатите специјалисти по клиничка психологија во нашата земја. Освен што е истакнат терапевт, тој е значаен и како автор на книги од областа на психологијата. Неговите драгоцени совети читателите ги применуваат во секојдневниот живот за справување со различни ситуации.

Како дел од ТРИбина, плаформа што ги шири идеите надвор од книгите, Сашо Петковски ќе одржи предавање на 3 април, од 18 ч. во Јавна соба, на темa: „Тајната на добрата комуникација: како да владеете со секоја ситуација“.

Сашо Петковски ќе ни ги разјасни основите на комуникацијата, а предавањето ќе ги опфати и следните теми:
– Техники на меѓусебна комуникација
– Трикови за остварување на добри меѓуодноси
– Начини и практични примери за усвојување на секојдневна комуникација
– Односи во деловните средини.

По предавањето ќе следува дискусија во која Сашо Петковски ќе може да ви даде одговори на вашите недоумици, практични совети и решенија на проблемите и пречките со кои се соочувате.
Влезот е ограничен. Влезницата чини 500 денари и во цената е вклучена и косумација, како и пригодни подароци.

Ова предавање е матрица на идните односи. Заедно да ја моделираме комуникацијата и да ја откриеме тајната структура на добрите разговори – темелници за здрава средина, личен и деловен успех и исполнетост.


PUBLIC ROOM