ИТАЛИЈАНСКИОТ НИРВАНА ТРИБЈУТ БЕНД „MARIGOLD BOX“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ
Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, NIRVANA. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!
Marigold Box е европскиот бенд на Нирвана кој на 22ри февруари доаѓа во Скопје од Бергамо, Италија.
Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.
Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо.
ЛАБАРАТОРИУМ Скопје, 22 февруари, 20:30, обезбедете билет навреме!
____
до 01.02.2025 | потоа | 22.02. и на врата |
500 ден. | 600 ден. | 700 ден. |
Од технички причини настанот е преместен на нова локација: Лабараториум Скопје.
Сите купени билети за првичната локација (Клуб Минус еден) важат и за Лабараториум.
Ви благодариме