Стенд ап фестивал – Четвртак у 9

Здружението Арт-Манија го подготвува второто издание на стенд ап фестивалот „Четвртак у 9“, кое ќе се одржи во текот на месец мај и почетокот на јуни, во Куманово – градот препознатлив по својот специфичен хумор и публиката која секогаш знае да го награди добриот стенд ап.

Фестивалот го слави современиот стенд ап како форма на уметност и комуникација, обединувајќи ги најдобрите македонски комичари заедно со реномирани артисти од регионот. Претходното фестивалско издание јасно покажа дека Куманово е град кој го сака и разбира хуморот, со публика која со својата бројност и енергија даде силен импулс дека оваа култура тука има иднина.

Со насловот „Четвртак у 9“, фестивалот симболично го враќа времето резервирано за смеа, заедништво и добра забава. Нашата мисија е овој фестивал да прерасне во традиција, а Куманово да се позиционира како национален и регионален центар на стенд ап сцената.


Програма:

▶️ 27 мај (вторник)

🎤 Мирослав ПетковиќЖенеее
🎤 Бојан Кирковски, Антонио Ташковски, Душан Петровски- Нежни мажи 

▶️ 31 мај (сабота)

🎤 Мишо Димитријевски ШипеОд шупљо у празно
🎤 Надица ПетроваНадето, Нада, Натчето и нешто плус
🎤 Браќа ШуковиќЗеми си прачка

▶️ 04 јуни (среда)

🎤 Чедомир МитевскиГлумец и оглас за работа
🎤 Тино и Атанас – 

▶️ 07 јуни (сабота)

🎤 Марко ТрајковиќЧетвртак у 9
🎤 Марјан ГеоргиевскиЗа македонските работи



БЛОК БИЛЕТ
(за сите вечери / ограничен број билети!)
1500 ден.КУПИ КАРТА
потоа:
27. мај (вторник)400 ден.КУПИ КАРТА
31. мај (сабота)400 ден.КУПИ КАРТА
04. јуни (среда)400 ден.КУПИ КАРТА
07. јуни (сабота)400 ден.КУПИ КАРТА

НУЦК Трајко Прокопиев