ЕФТ и вашиот однос со храната


Престанете да јадете емоции, почнете да слушате што ви кажува телото

Со Селина Тонкин – светски познат експерт за емоционална слобода, исхрана и лична трансформација  

Зошто толку често посегнуваме по благо?

Првиот залак чоколадо носи допамин, утеха, миг на задоволство. Но што ако зад таа желба не стои глад, туку потреба за љубов, разбирање… прегратка?

Прејадувањето не е само навика – тоа е начин на телото да каже:
„Слушај ме. Се обидувам да ти кажам нешто.“

Во оваа работилница ќе научите како храната може да биде ваш сојузник – не непријател. Со помош на EFT (техники за емоционална слобода), ќе научите како:

  • Да ги намалите поривите за емоционално јадење
  • Да ги откриете вистинските емоции зад апетитот
  • Да се поврзете со вашето тело – со љубов, а не со осуда
  • Да изградите самодоверба, смиреност и контрола

! Ова не е диета. Ова е нов однос – со храната, телото и себеси.


Public Room, Скопје
4 јуни 2025
18:00 – 21:00

Бројот на места е ограничен – резервирај навреме!


Facilitator:
Celina Tonkin
Македонка со меѓународно искуство во EFT, NLP и хипнотерапија. Коавтор на книгата „EFT за Интроверти“ и обучувач во програмата на д-р Пета Стаплтон – водечки истражувач во светот за EFT и исхрана.
celinatonkin.com


Престани да се бориш со храната – и започни да се поврзуваш со себе.

Твоето тело не сака да биде замолчено. Тоа сака да биде слушнато.




PUBLIC ROOM