Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли – премиерно на сцена во Јавна соба!
Лефти и Рајти првпат се возат со автобус…и наместо вообичаен ден во градинка, стануваат херои! Кога џемперчето Воли паѓа на подот и никој не го забележува, тие мора да смислат план…да го спасат другарот пред да го заборават во автобус!
Претставата е инспирирана од втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на Наташа Дукоска и ни носи топла приказна за другарството, вниманието и малите херои што ги носиме секој ден.

Облечете се удобно и дојдете да навиваме за Лефти, Рајти и Воли!
Улоги: Јана Велева, Бранко Атанасов, Ангела Лефкова, Мина Јелушиќ Јериниќ
Режија и текст: Изабела Јакимова
Поддржано од: Министерство за култура и туризам на РСМ