Љубопитната Принцеза

Љубoпитноста го надминува стравот повеќе дури и од храброста.
Оваа бајка не носи во светот на принцезата Деница која живее во дворецот сама со нејзиниот татко. Многу, многу, одамна, царот не ја поканува лошата самовила Лошка на неговата свадба со царицата, па затоа таа сака да фрли магија врз нивната ќерка. Царот ја затвора лошата самовила во куќичка во градината. Принцезата поради својата љубопитност, успева да го најде клучот од куќичката и со нејзината наивност и добрина ја ослободува. Лошата самовила ќе фрли магија врз нејзиниот татко и тој ќе исчезне. Преку низа перипетии и игри во кои децата интерактивно учествуваат, таа успева, со нивна помош да ја победи Лошка , и да се ослободи од неа и од нејзините моќи.
На духовит начин се прикажува вечната борба помеѓу доброто и лошото, а децата сами го избираат вистинскиот пат – патот на љубезноста, добрината и љубовта.

Принцезата Деница – Пируника Киселички
Царот – Владо Дојчиноски
Лошата самовила Лошка – Дубравка Киселички
Принцот Љубен – Давид Илиќ

патувачки „Театар Колозов”
времетраење: 45 мин.
влез: 300 мкд

PUBLIC ROOM