The Pale, Stale, Straight White Male
Свежо по спектакуларните настапи како поддршка на Jim Jefferies на неговата европската турнеја, фатете го AMOS GILL со неговото наградувано соло стенд-ап шоу „The Pale, Stale, Straight White Male” во Скопје и Охрид!
Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Amos Gill никогаш не отстапува кога треба остро да ги „боцне“ нелогичните размислувања и интелектуалната апатија која го бојадисува светот околу нас. Саркастичен и без страв да ја предизвика реалноста како и „вистините“ од сите делови од општеството, ако барате стенд-ап без цензура, врвно шоу за смеење – ова е за вас!
Amos Gill е еден од најпопуларните австралиски комичари, кој денес успешно настапува низ САД, Велика Британија и Австралија. Познат по својот остар хумор, кариерата ја започнува како радио водител, а потоа брзо се истакнува на стенд-ап сцената. Има настапувано на престижни сцени како Sydney Opera House и Madison Square Garden, а бил и дел од меѓународни турнеи со Jim Jefferies. Се појавувал во ТВ емисии и распродал свои соло турнеи, а денес е ко-водител на популарниот подкаст At This Moment.

„Не се плаши да навреди, иако тоа и не му е целта. Ако некогаш сте сакале да видите што може еден стоик да направи со стенд-ап комедија, Амос е вистинскиот човек“
(TheQR.co.uk)
Билети во предпродажба: 800,00 ден.
Билети на врата: 1000,00 ден.