Бојан Кирковски е дел од ансамблот на театарот за деца и младинци, а активен е и во независниот театар „Артопиа“ каде игра во наградувани претстави и гостувања во регионот.
Доаѓа во Бруталиск со едночасовен стенд ап настап да се претстави пред редовните посетители на културниот центар, но и пред нови и стари фанови кои секогаш доаѓаат по доза негов нов материјал каде и да настапува.