Здружението Арт-Манија го подготвува второто издание на стенд ап фестивалот „Четвртак у 9“, кое ќе се одржи во текот на месец мај и почетокот на јуни, во Куманово – градот препознатлив по својот специфичен хумор и публиката која секогаш знае да го награди добриот стенд ап.
Фестивалот го слави современиот стенд ап како форма на уметност и комуникација, обединувајќи ги најдобрите македонски комичари заедно со реномирани артисти од регионот. Претходното фестивалско издание јасно покажа дека Куманово е град кој го сака и разбира хуморот, со публика која со својата бројност и енергија даде силен импулс дека оваа култура тука има иднина.
Со насловот „Четвртак у 9“, фестивалот симболично го враќа времето резервирано за смеа, заедништво и добра забава. Нашата мисија е овој фестивал да прерасне во традиција, а Куманово да се позиционира како национален и регионален центар на стенд ап сцената.
Програма:
▶️ 27 мај (вторник)
🎤 Мирослав Петковиќ – Женеее
🎤 Бојан Кирковски, Антонио Ташковски, Душан Петровски- Нежни мажи
▶️ 31 мај (сабота)
🎤 Мишо Димитријевски Шипе – Од шупљо у празно
🎤 Надица Петрова – Надето, Нада, Натчето и нешто плус
🎤 Браќа Шуковиќ – Земи си прачка
▶️ 04 јуни (среда)
🎤 Чедомир Митевски – Глумец и оглас за работа
🎤 Тино и Атанас –
▶️ 07 јуни (сабота)
🎤 Марко Трајковиќ – Четвртак у 9
🎤 Марјан Георгиевски – За македонските работи
БЛОК БИЛЕТ (за сите вечери / ограничен број билети!) | 1500 ден. | КУПИ КАРТА |
потоа: | ||
27. мај (вторник) | 400 ден. | КУПИ КАРТА |
31. мај (сабота) | 400 ден. | КУПИ КАРТА |
04. јуни (среда) | 400 ден. | КУПИ КАРТА |
07. јуни (сабота) | 400 ден. | КУПИ КАРТА |