DISCO 80’S STAND UP SHOW

Најдоброто од Битола е тешко да се одбере, но најсмешното не е! Софија има нов материјал и доаѓа на 17 април да ни го претстави во Бруталиск! „Disco 80’s“ е феминистичко шоу за декадата на диско топките, ролшуите и подиумите во главниот град на Пелагонија и за прв пат ќе биде изведено пред скопска публика.

Софија Ристевска – Петрушева е феминистичка режисерка и стенд ап комичарка која веќе по четврти пат настапува во Бруталиск и затоа ја сметаме за резидент-комичарка.
Таа зад себе има богата кариера со претстави со домашни и странски театри, а помала бројка на стенд-ап настапи. Таа веќе долги години работи во Битолски Театар каде последна ја режираше „Вујко Вања“ во јануари 2024.

brutalisk