КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ ЈОРУКЛУК
____
Елена Христова од групата Баклава заедно со своите музичари на 16. 11. во Public Room ексклузивно ќе го изведе својот нов албум Јоруклук водејќи ја публиката на едно мистично патување кое ги спојува приказните од минатото и традицијата со модерниот звук кој кокетира со разновидни жанрови. Таа не открива премногу во најавата бидејќи сака да и приреди на публиката вечер полна со изненадување и раскош.
____
Проектот е подджан од:
Елена Христова веќе втора деценија создава музика и концертира насекаде по светот имајќи ја за свое второ живеалиште метрополата Истанбул, која со својот
мултикултурализам е најмоќна инспирација во нејзиното творештво. Нејзините проекти (Баклава, Баба Зула,
Биоскопија, Бекјард Џез Оркестра Бистри Води итн) како и многубројните соработки со врвни светски музички имиња во основа имаат ист концепт, кој се темели на многубројните континуирани антрополошки истражувања. Фасцинацијата од
феноменот на миграцијата кој раѓа нов социолшки и културолошки контекст е главна нишка во нејзиното творештво. По албумот Ме мankas mucho кој го следи патот на Сефардските Евреи кои мигрираат од Шпанија на ова поднебје (тогашното
Османлиско Царство) и нивното влијание во обединувањето на различните народи, култури, религии и јазици преку музичкиот израз, неколкуте авторски проекти како и новиот албум кој таа му го посвети на својот роден град Скопје За Скопје со љубов), авторката тргнува на едно ново патување. Проектот * Јоруклук*.