FISH IN OIL

Fish in Oil постои откако Братислав Браца Радовановиќ, лидер и композитор на групата организирано се занимава со музика. Почетоците се од раните деведесетти години на минатиот век кога тој со музичките истомисленици во Приштина, каде што тогаш живее, ги прави првите музички чекори прво свирејќи туѓи, а потоа сè почесто и свои рани композиции. Од самиот почеток крстена Fish in Oil, групата ја дели судбината на својот основач и бурните околности низ кои минува селејќи се во Белград 1999. Јадрото на тогашната постава со Браца се собира во Белград и по иницијалното снаоѓање во новата средина продолжува да работи, сега веќе наголемо и исклучиво авторска музика.

Во тој период групата минува низ разни персонални промени, секогаш во потрага по луѓе подготвени за авантура, која носи сега веќе сосема дефиниран, но и исклучително разновиден композиторски израз на Браца Радовановиќ.

Актуелната постава ја сочинуваат
Братислав Радовановиќ – гитара;
Ѓорѓе Кујунџиќ – саксофон;
Бранислав Радојковиќ – контрабас, ел. бас-гитара,
Феѓа Франклин – тапани;
Александар Радојчиќ – удиралки.

Fish in Oil сними и објави пет студиски албуми:

– Полуостров (СКЦ Крагуевац, 2012)
– Дрнч (Маском, 2013)
– Три клуча (Метрополис џез, 2016) – двојно ЦД
– Сè ќе биде во најдобар ред (Метрополис џез, 2018)
– Басамак (Грамофон, Сараево 2022)

Покрај повеќето национални џез-фестивали (БЏФ, Нишвил, Нови Сад, Панчево, Крагуевац…), учествуваа и на престижните регионални џез-фестивали: Сараево џез-фестивал, Љубљана џез-фестивал, Гарана, Темишвар, Балатон, Церкно, Синѓеорз Беј, Цетиње, Подгорица, Котор, Прилеп… како и на Jazzy Colours фестивалот во Париз.
Бидејќи Fish in Oil не свири стриктно џез, се појавува и на Етно (Балатон), Street food (Темишвар, Клуж-Напока), градските летни (Загреб, Чачак, Шабац, Крагуевац) и разни други фестивали, а покрај фестивалските настапи тука се и неброени клупски настапи во земјата и во странство, и за сега само една европска турнеја: Прага-Минхен-Париз-Виена-Љубљана-Риека…

Од значајните домашни и странски имиња настапувале и снимале со Марк Рибот, Бојан Зулфикарпашиќ, Матија Дедиќ, Џијан Емин и Георги Шарески, Васил Хаџиманов, Јелена Попржан, Ирина Карамарковиќ, Милош Николиќ, Лука Игњатовиќ, Војно Диздар и многу други.

Живеат и работат во Белград…

влез: 300 мкд

PUBLIC ROOM