Георги Шарески Џезтет

Џезтет, најновиот проект на композиторот и гитарист Георги Шарески е променлив оркестар – или состав чија формација варира, а чиј репертоар се побрзи и динамични теми, колекција на дузина авторски композиции на Шарески, кои тој ги нарекува песни за бис, или неоткриени хитови.

Овие композиции во вистинско светло го прикажуваат разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив стил како гитарист.
Во придружба на тројца од најдобрите македонски музичари, на овој навистина несекојдневен концерт, Шарески ќе го претстави својот највозбудлив репертоар до сега, жанровски шаренолика музика која не е наменета само за џез слушатели, туку за сите оние кои имаат уши.

Кире Кузманов – саксофон
Славчо Коцев – тапани
Оливер Јосифовски – бас
Георги Шарески – гитара и композиции

Sareski.com

влез: 300 мкд

PUBLIC ROOM