HearThuG – Гостин на серијата настани на Вир Фестивал, 7-ми Јуни
HearThuG е реномиран диџеј и музички продуцент од Тунис, кој се етаблира како една од највпечатливите фигури на глобалната подземна сцена. Како основач на дискографската куќа Are You Alien Recordings, тој претставува водечки глас во развојот на MENAT сцената (Блискиот Исток, Северна Африка и Турција), преку која промовира иновативен музички израз и културна размена.
Неговото творештво се одликува со уникатна фузија на хаус, ацид и брекбит, збогатено со авторски продукции кои создаваат магична и непредвидлива атмосфера на секој настап. HearThuG има остварено значајни соработки со меѓународно признати издавачки куќи како Banoffee Pies Records, Pleasure Club, Sex Tapes From Mars и многу други.
Со својата професионалност и уметнички сензибилитет, HearThuG настапувал на некои од најпрестижните светски сцени, вклучувајќи ги Boiler Room, Fabric (Лондон), Cabaret Sauvage (Париз), Woodstock New Age Festival како и фестивали и клубови во Индија, Италија, Јужна Кореја и пошироко.
Неговата присутност на претходниот настан на Вир Фестивал претставува чест и значаен придонес за збогатување на локалната културна понуда. На 7-ми Јуни, на терасата на Скај Хотел Гевгелија, публиката ќе има можност да ужива во неговиот препознатлив звук и исклучително сценско искуство.