Skopje Design Week 2024
Како младите дизајнери да креираат дизајн бренд и го наметнат за пазарот ги прифати!? Мастер час кој ќе ги обелодени начините на соработка со реалниот сектор , т.е. фабриките на мебел. Како да се поставите во преговорите, како да се договорите за вашиот хонорар и % од продажба, се само дел од детаљите кои ова предавање на светски познатиот дизајнер Зоран Једрејчиќ ќе ви ги даде одговори.
ФОРМАТ: | МАСТЕР КЛАС |
ДЕН: | ПЕТОК, 8. НОЕМВРИ 2024 |
ВРЕМЕТРАЊЕ: | 13:30 – 15:00ч. |
ЛОКАЦИЈА: | ЛИТЕРАТУРА (Дајмонд мол) |
ЈАЗИК: | Српско Хрватски |
БИЛЕТ: | 100 мкд (кафе и вода) |
Зоран Једрејчиќ е индустриски дизајнер и уметнички директор од Сплит, Хрватска, со италијанско потекло. По седумгодишна плодна соработка со “Ettore Sottsass”, тој отвори дизајнерско студио во Милано, а неодамна уште едно во Белград.
Зоран Једрејчиќ е најнаградуван продукт дизајнер во регионот и дизајнер со најголемо портфолио во соработка со фабрики од регионот и Европа. Једрејчиќ меѓу другите има дизајнирано за меѓународни брендови како што се, 3M, Artisan, Molteni&C, Dada Cucine, Fratelli Guzzini, Gir, Nambe’, Segis, Superfos, Volumen, Woak и Zavar,
Добитник е на многу награди, меѓу кои Red Dot – Best of the Best, IF Design Award, Design Plus, Compasso d’Oro, German Design Award, Dezeen Award и BIG SEE Award, а неговите дела се изложени во престижни музеи како што се MAK Wien, MART Rovereto, ICA Boston, MoMA NY и Ozone Center Tokyo. Неодамна, тој беше награден како визионер на BIG SEE за 2021 година.Паралелно, кариерно во сверата на дизајнот и образованието тој е ангажиран како визитинг професор на ИСИА-Фиренца, НАБА-Милано, ИААД-Торино и Академијата за ликовни уметности-Белград. Во моментов, неговата главна цел е да ја развие и интернационализира регионалната (Балканска) дизајнерска сцена и индустрија, преку неговиот ангажман како уметнички директор на Белградскиот саем за мебел и Загребската недела на дизајн, како и на неколку регионални брендови на дизајн.