Ekatarina Velika – EKV остави сериозен белег на целата рок сцена и на многу бендови подоцна им служеше како пример во своето работење.
Krug започнува со работа 2006 година. Создаден е како фузија на музичари, членови на оригиналната постава на EKV, со група на луѓе кои се повеќе од три децении на музичката сцена во Белград.
Нивниот мотив е да дадат свој придонес во зачувување на сеќавањата за Милан, Бојан, Маргита и VD, и иако свесни за нивната потполна незаменливост, да им овозможат на младите кои немаа можност да ги чујат EKV во живо, да го осетат тој дух преку концертите во нивна изведба.
Настапуваат:
MARKO MILIVOJEVIĆ, тапанар со најдолг стаж во EKATARINA VELIKA, кој во бендот доаѓа 1991. И свири на албумите “Dum Dum” и “Neko nas posmatra”, како и на албумот во живо “Kao u snu”.
DRAGIŠA USKOKOVIĆ ĆIMA, бас гитара, кој свиреше на албумите “Neko nas posmatra” и “Kao u snu”, како и на бројни настапи во живо во тоа време.
Ćima го ремастерираше акустичниот концертен албум “EKV Unplugged Skopje 1992.” и заедно со Marko ги ремастерираше албумите “Dum Dum” и “Neko nas posmatra” во издание на PGP RTS и во соработка со Zadužbinom Milan Mladenović.
NEMANJA DAŠIĆ, вокал и гитара, ex “Vampiri“.
DEJAN TOMOVIĆ TOMKE, клавијатури.