Осмомартовско STAND-UP SHOW

Осмомартовски стенд ап со Софија Ристевска Петрушева во Бруталиск! Во рамки на женската недела, битолската режисерка и комичарка со свое шоу токму на празникот на жената ќе не смее на нејзините омилени теми – женско-машките односи, феминизмот, бракот, сексот и работата.

Софија е веќе задолжителна празнична содржина во КЦ Бруталиск. Нејзините настапи за Нова Година и денот на вљубените се распродадоа експресно и го преполнија просторот со луѓе дојдени на едночасовно стенд ап шоу!

brutalisk