Pearl Jam Tribute со „Epidemic“

+ предгрупа: The Ooz

На 29.03.2024г. во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam.

Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.

И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Влезните билети се пуштени во претпродажба во 3 категории, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на bileti.drugastrana.mk

ПРЕТПРОДАЖБА

— до 28. март

400 МКД

ОНЛАЈН БИЛЕТИ НА ДЕН НА НАСТАН

— 29. март – до 19:00

500 МКД


НА ВРАТА

— 29. март – по 19:00

600 МКД


влез: 400 мкд

СТАНИЦА 26