ПЕЏА БАЈОВИЌ ТРГНУВА НА РЕГИОНАЛНА ТУРНЕЈА “20 СТЕНД-АП ГОДИНИ”
Пеџа Бајовиќ – пионер и ветеран на стенд-ап комедиската сцена, одбележува 20 години од својата кариера преку регионална турнеја низ осум главни градови. Овој комичар во својата кариера има настапено во преку 50 земји во светот, а моментално е блиску до потфатот да стане прв којшто настапил во сите европски држави – му фалат само гостувања во Белорусија и Ватикан.
Во среда на 29.01 помеѓу настапите во Приштина и Љубљана – Пеџа ќе дојде во Скопје!
NAJBOLJI’ sat i kusur е најконкретната претстава на стенд-ап комедијата во нашето говорно подрачје. Причината е едноставна: во неа е најдоброто од неполните 20 години на неговата кариера, во којашто настанале три тематски претстави – S NOGU*, MUŠKARAC i ROK TRAJANJA, а ни комичарот не е лош!
Во ова дружење со публиката, Пеџа Бајовиќ дава гаранција за одличен саат време, овој “кусур” првенствено зависи од вас. Досегашното најкратко шоу му било саат и 37 минути! Повелете …
БРЗИ ПРСТИ (први 40 билети) | 400 ден. | КУПИ БИЛЕТ |
потоа: | ||
СОЛО (билет за еден) | 600 ден. | |
ПАР (билет за парови) | 1000 ден. | |
ГРУПЕН (плаќаш 3 – добиваш 4 билети) | 1800 ден. |