ПОЕТСКА КАТИЗМА
Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, а композициите на Тортевски се правени како музички илустрации за песни од овие две збирки.
Вовед: Тања Аждаја
Стихови ќе читаат: авторите на музиката и стиховите
Пет песни ќе бидат и испеани, во интерпретација на Зоран Тортевски
Визуелно осмислување: Владимир Лукаш
Завршен збор: Душко Крстевски
Ова не е промоција на книга, ниту рецитал, ниту концерт, ниту поетски театар…
иако има по нешто од сите нив.