Пијан Славеј

(нова македонска шансона)

ПИЈАН СЛАВЕЈ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата “Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Групата е формирана кон крајот на 2021 г. Првиот настап го имаат на скопскиот “OFFest”, а наредната година, “Скопскиот џез фестивал” го издава нивното прво и истоимено ЕП. Понатаму настапуваат на “D-festival” и на фестивалот “Druga Godba” во Љубљана, Словенија.


“Песни кои се потпираат на оригиналноста и шармот на неговите стихови (од кои „Парфем“, „Крв да ни се стори“, „Сонце“ веќе солидно се извртеа на социјалните мрежи), но уште повеќе со енергијата која се чини само нему му е својствена, а нам на навивачите
и тоа како позната. Притоа, возен од неговите придружници инспиративно слезе до срцевината на македонската поп сцена од седумдесеттите (во интепретацијата можеше да се почувствува ехото на еден пејачки маг како што е Диме Поповски, или згора драматиката на Зафир Хаџиманов…), си дозволи наново да им се обрати на значајните претставници на шансоната во глобални рамки”
Љупчо Јолевски


World Music Saturday во Јавна Соба

Пијан Славеј – глас, гитара, пијано
Пеце Трајковски-Брада – гитара, синт
Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани

влез: 400 мкд

PUBLIC ROOM