Рудолф и Елф

Новогодишна детска претстава

Започнете ја празничната сезона со театар за вашите деца!

Донесете ги во КЦ Бруталиск на новогодишните претстави во продукција на Театар за Сите.

Рудолф и Елф е интерактивни и едукативна претстава со траење од 30 до 40 минути. Децата постојано имаат можност да даваат одговори и да помагаат во барањето на решение. Користејќи ја оваа конвенција, прегу интеракција, игри и комуникација, децата побрзо учат и паметат. Вклучени се и во заедничкото пеење и китење на елката.

Авторката на текстовите на претставите за деца е македонската актерка Изабела Јакимова (Бека Пан). Изабела работи со детски претстави повеќе од шест години. А е особено позната меѓу младите со нејзината улога во ТВ серијата “ПЕТ ПЛУС” каде ја игра Алек. Таа е добитничка на Златна плакета за најдобра улога во краткометражниот филм “Донка”, како и најдобар актер за дуо драмата “Ожени ме” на фестивалот “Бранко Ѓорчев” во Неготино.
Изабела работи со деца со веќе претходно смислен концепт. Игрите и вежбите се создадени низ процесот на магистерската која моментално ја завршува во Нови Сад, Србија.

Освен забава, низ нејзините претстави, децата се едуцираат на најразлични теми, ја развиваат моториката како и комуникациските вештини.

Екипа:

Анастасија Ласовска – Снежна Кралица
Изабела Јакимова – Рудолф
Гоце Андонов – Елф
Ане Блажовски – Поштарот/Дедо Мраз


Авторски текст на: Изабела Јакимова
Музика: Јоана Симоновска
Светло: Магдалена Младеновска
Режија: Изабела Јакимова

Изведби

16.12.2023 – 18ч.
17.12.2023 – 12ч.

24.12.2023 – 12ч. (распродадена)
24.12.2023 – 14ч. (распродадена)

  • претставата е за деца над три години.

brutalisk