Донесете ги вашите најмили на креативно дружење во недела во Јавна Соба. Овој пат вашето дете ќе има можност да го дизајнира велосипедот од своите соништа со помош на сертифициран ментор. Преку цртање, боење и правење колажи ја развиваме имагинацијата на најмалите. Потребните материјали за ова дружење ги обезбедуваме ние и гарантираме одлична дружба.
ФОРМАТ: | КРЕАТИВНА ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА |
ДЕН: | НЕДЕЛА, 10.НОЕМВРИ 2024 |
ВРЕМЕТРАЊЕ: | 11:00 – 12:00ч. |
ВОЗРАСТ: | 6+ ГОДИНИ |
ЛОКАЦИЈА: | PUBLIC ROOM |
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: | 20 |
Ирина Кајчевска е дизајнерка, која своето образование го стекнува на Факултетот за дизајн и мултемедија. Има неколку самостојни изложби и работно искуство во магазин за мода и дизајн, дизајнер е во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба, како и официјален дизајнер на Skopje Design Week 2018/2020. Ирина размислува “outside the box”, не држејќи се до рамките на извесни правила и законитости овозможувајќи неконвенционален пристап во третирањето на цртежот во контекст на графичкиот дизајн.