SDW: Зарина Првасевда

Зарина Првасевда е македонски артист, вокален изведувач и музичар кој изведува македонска и светска традиционална музика.
Таа беше номинирана и е овогодинешниот победник на “ UpBeat – Best New Talent Award 2023”, на интернационалната UPBeat платформа.

Во 2022 година го издаде својот прв албум насловен како “ЕХО” , отпејан на 4 јазици, за најголемата издавачка куќа на Балканот – “Croatia Records”, а истиот го освои 9-тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните светски музички изведувачи во 3-тиот квартал 2022 година.

Покрај успешниот концерт во нејзина продукција, кој се одржа во големата сала на Македонската Филхармонија, кој беше распродаден во рекордни 7 дена, а медиумски покриен од МТВ и емитуван во ударен термин на истата, се случи и распродадениот во Офицерскиот дом во Битола, но во изминатава година таа одржаа концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како:
OFF Fest – MК , D-Festival – MK, Budapest Ritmo – Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre – France , SHIP Festival – Croatia, A38 – Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival – Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference – Sofia, Bulgaria, Норвешка, Balkan Trafik Festival – Brussels, Belgium, како и солистички концерти низ Македонија (Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и др.)

Ансамблот на Зарина Првасевда се состои од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко – сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа. Двајца членови на ансамблот се прогласени за најдобри џез музичари и тоа Андреа Мирческа 2020, а во 2023 година добитник на престижната награда е Драган Теодосиев. Повеќето од нив се бават со педагошка работа и музичка едукација на млади, а имаат и вложено сериозен и долгогодишен труд во градењето и создавањето на голем дел од актуелната сцена во Македонија, а се разбира голем дел од таа музика била изведувано и надвор од границите на Македонија.

Во нејзиното портфолио има бројни соработки и вокални аранжмани со домашни и странски музичари, современ танц , како и филмски проекти:
NA ‘ Tanec’ , FUNHOUSE проект, KALY Music Chalenge, Cookie&Jam, FIN Project, Горан Трајковски, Leo Genovese (САД), Quareim Quartet (Франција), Natacha Rogers (Холандија). Филмови: „Бисер на небото“, Документарен филм „Виа Динарика“ – Македонската авантура, Скопско – реклама, Шар Планина – Национален парк – Прво промотивно видео. Таа беше дел од кинематографската реализација на планинскиот фестивал „Ехо“ 2020 година со свој видео проект за нејзината песна „Што се гледа Шар Планина“ снимена на врвот Љуботен, по повод поддршката и учеството во борбата за прогласување на Шар. Планината за национален парк. Од неодамна таа е дел и од претставата УПМ ( Уметност , Политика и Мудрост ) во соработка со XSquared танцов колектив, каде што таа се појавува како пејач, инструменталист но и е дел и од танцовата кореографија.


Facebook: https://www.facebook.com/zarinaprvasevda/

Instagram: https://www.instagram.com/zarina.prvasevda/?hl=en

YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCrr3yqyiGujevCHVH7mU3Jg

Spotify: https://open.spotify.com/artist/66Cj8jGF1Q1bgIyOQUQJPl?autoplay=true

PUBLIC ROOM