Предавање: Што треба да знае секој родител?

Следува ново случување во низата настани како дел од ТРИбина! На 15 мај, од 20 часот, во Јавна
соба ги покануваме сите кои сакаат да навлезат подлабоко во една од најкомплексните теми –
родителството.
Како пионер токму во оваа област, Станислав Петковски-Сашо нè води низ практични примери
користејќи ги зборовите како најмоќно оружје, но и најмоќен лек при родителствувањето.
По предавањето ќе следува дискусија во која ќе можете да ги добиете сите одговори на дилемите
што ве засегаат. Секојдневните прашања понекогаш бараат стручни одговори.


Влезницата чини 500 денари, а во цената е вклучена и консумација, како и пригодни подароци.
Ова долгоочекувано и повеќе од потребно предавање наменето за сите тешкотии со
родителството, конечно се случува и кај нас.

влез: 500 мкд

PUBLIC ROOM