ВИС БИЛЈАНА

Групата е формирана во Јуни 1952 година во охрид, од страна на Кузман Поп-Стефанија кој заедно со неговите другари Томчо Лукан, Миле Трендафилов и Гарип Рамадан се отцепуваат од тогашните Културно уметнички друштва, Сашо Огнен, Нада Филева, Коста Абраш и турското Кардашлак и го формираат овој ансабл.

Низ текот на годините, групата неколку пати го изменила својот состав. Во неа низ целото педесет годишно постоење членувале Сотир Димитроски Ѕингал, Душко Мареноски, Адем Бајрам, Пеце Димески, Ирфан Рамадан, Ѓоко Илиески, Илија Пејоски, Јордан Нанче, Раде Пуроски, Ташко Петрески- Шуле, Никола Ѓоргиески, Јосиф Миленкоски, Буде Бајрам и Михаил Мишев, сите кои на свој начин придонеле за постоењето на овој ансамбл.

Првиот носач на звук, како и останатите седум, го снимиле во 1973 година за издавачката куќа Југотон Загреб.                                                                  

Групата има снимено една сребрена сингл плоча (Од умот се Подизгубив) и една сребрена Лонг плеј плоча (Слушам Кај Шумат Шумите).

За време на своето постоење имаат снимено вкупно 6 лонг плеј плочи и три синглови, на кои се снимени вкупно 66 песни и ора претежно од охридскиот крај. Своевремено, ансамблот бил еден од најпознатите не само во Македонија туку и низ цела поранешна Југославија и Европа. Гостувале во САД, Канада, Австралија, Италија, Франција и многу други места. Ансамблот згаснува во 2002 година.

Но желбата да се остави нешто зад себе на музички план е желба на секој музичар па така во 2009 година Кузман Поп-Стефанија заедно со своите внуци Јован  и Димитар Поп-Стефанија го формираат подмладокот на Билјана кој активно работи на полето на староградската охридска музика, македонската народна музика и музиката од целиот Балкан. Групата работи под менторството на Кузман се до неговата смрт во 2013 година. Во оваа група, покрај сегашните членови Јован Поп-Стефанија, Ангел Трајковски, Христијан Томевски и Андреј Лаброски членувале и Ангел Дулевски, Петар Паскали, Стефан Здравевски и Виктор Јолаковски. 
Групата има издадено два  носачи на звук со име “И ние сме деца на Македонија“ во 2013 година. Тој содржи веќе снимени староградски песни од охридскиот крај, а на овој носач на звук специјален гостин е Васко Дуковски, магистер по кларинет кој своите студии ги има завршено на престижниот Џулиард Колеџ во Њујорк.

Поради фактот што во тоа време никој од музичарите немал 18 години, и во тој период не добиле дозвола за настап групата ја ставила песната на нивниот носач на звук како спомен. На ова ЦД за последен пат е снимен вокалот на Кузман Поп-Стефанија пред неговата смрт.        

На Вториот носач на звук издаден во Мај 2016 година, снимени се 13 песни. Дел од нив се староградски, дел се стари неснимени песни кои старата постава немала можност да ги сними и е снимена и една авторска песна со наслов “Збогум Румелија”. Специјален гостин на ова ЦД е Ташко Петрески – соло гитара, еден од ретките активни членови од стариот состав на ансамблот.

Овој Ансамбл постои веќе 15 години и понатаму се труди да ја зачува, изведувa, и презентира културната традиција на Охрид и Република Македонија во и надвор од државата, преку песна и игра онака како што најдобро знае и умее како главна цел а воедно и да остави задолжение на идните генерации.


влез: 400 мкд

PUBLIC ROOM