Зоран Донев Стенд Ап шоу

Зоран Донев не е актер како другите стенд-ап комичари, тој е шанкер и психотерапевт кој ординира во познатиот охридски клуб Џез Ин скоро 20 години. Откако ги испече првите два занаети, тој се пријави на Open Mic вечер во својот клуб во 2014 и преку ноќ стана стенд-ап комичар раскажувајќи ја својата биографска приказна за „живот крај гробишта“ во неговиот Лескоец – местото со најскап квадрат во цел Охрид.

Оттогаш ги полни клубовите низ цела Македонија и има настапувано на неколку фестивали каде ги освои срцата на вљубениците во охридската угостителска слаткоречивост, а кои не можат да дочекаат лето за да можат да и се насладуваат во Охрид.

Затоа, овој април го носиме во Бруталиск на уште една незаборавна стенд-ап среда со домашни комичари!


brutalisk